| четврток, 6 декември 2018 |

Анита Ангеловска-Бежоска реизбрана за вицегувернер на НБРМ

Анита Ангеловска-Бежоска е избрана по втор пат за вицегувернер на НБРМ.
Како што информираат од Народната банка на Република Македонија таа е избрана на предлог на гувернерот на НБРМ, на седницата на Собранието на Република Македонија што се одежа на 20 септември годинава.
Со тоа, д-р Анита Ангеловска Бежоска ќе продолжи да ја извршува функцијата вицегувернер на НБРМ втор последователен мандат.
-Им се заблагодаруваме на сите пратеници и пратенички групи за нивната конструктивност и широката поддршка на предлогот, што истовремено значи и поддршка на професионализмот- велат од НБРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top