Собранието денеска на напладне ќе ја продолжи расправата за Предлог законот за употреба на јазиците во прво читање. Пратениците шести ден ќе расправаат за потребата од донесување на овој закон.
Седницата за оваа точка беше прекината ноќеска 15-тина минути по 2 часот на барање на пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според најавите на претседателот на Собранието Талат Џафери поради почетокот на изборната кампања за локалните избори во понеделник на 25 септември се очекува викендов Собранието да ја прекине работата.
Во досегашната расправа гпо предлог законот во прво читање, говореа десетина пратеници од вкупно пријавените седумдесетина. Пратениците од опозицијата обвинуваат дека законот е противуставен и бараат негово повлекување, додека според парламентарното мнозинство законот е во согласност со Уставот и со него не се нарушува унитарниот карактер на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст