| четврток, 6 декември 2018 |

Правдата е темел на државата

Ја акцентираме нашата посветеност кон жестока борба против криминалот и корупцијата. Македонија која има брз и ефикасен правосуден систем е цел која нема алтернатива. Правичноста е најбитна. Судиите треба да бидат почитувани и добро финансиски стимулирани за да може да се отпорни на обиди за корупција или какви било притисоци. Оние кои ја делат правдата мора да бидат независни и непристрасни. Граѓанинот треба да има достап до правдата брзо и ефикасно, без трошоци, без бирократија, без загуба на време.

Полицијата треба да е сервис на граѓаните, да заштитува и да служи. Нејзините припадници треба да ја имаат почитта на целото општетсво. Платите на полицијата мора да растат, а инвестирањето во безбедноста нема алтернатива и нема ограничувања. Граѓаните мора да се чувствуваат безбедно и правично.

Медиумите мора да добијат елемнтарна континуирана транспарентна финасиска подршка  од државта која ќе го обезбеди нивниот опстанок, за нивната судбина да независи од нивната уредувачка политика.

Политичките партии во парламентот треба да се во најголем дел или целосно финасирани од државата. Со тоа треба да се обезбеди нивна целосна независност при носењена одлуките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top