| четврток, 6 декември 2018 |

Супер брз интернет во секоја точка во Македонија

Ќе направиме напори индустријата 4.0 да влезе и во Македонија. Индустриското производство да се надгради со современи информациски и комуникациски технологии. Вмрежувањето во интелигентни системи e иднината на прозводството. Македонија мора да го држи чекорот со светот на овој план, притоа водејќи особена сметка за балансот на оваа цел со приоритетната политика за обезбедување на вработувања.

Во еден глобален и дигитализиран свет со силен развој на средствата за комуникација многу претпријатија може да функционираат и во мали градови и во селска средина. Мрежите на оптички кабли треба да ги опфатат сите населена места во Македонија и супер брз интернет да биде достапен од речиси секоја точка во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top