
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски во своето обраќање пред присутните во салата „Борис Трајковски“ истакна дека ќе продолжи да се залага за поголем економски раст и развој на галвниот град, почиста и зелена средина и вети проекти кои ќе докажат дека секогаш може подобро.
-Скопје ќе продолжи да чекори и да влезе во ерата на посилен раст и развој. Отчетите зборуваат дека она што го ветивме достојно го исполнивме. Сите ние градоначалници и советници ја бараме вашата поддршка. Ова се кандидатите за градоначалници со кои почнува новата ера во Република Македонија. Сите овие вредни луѓе ќе го направат општините и градовите подобро место за живеење на Република Македонија. Над 200 проекти се претставени во градот Скопје. Посебен акцент давам на загадувањето на нашата околина, проекти за зелено Скопје, Вело Скопје, со цел подигање на свеста на граѓаните за користење на велосипедот како превозно средство. Денови без автомобили во градот Скопје и другите општини. Големо внимание и во јавниот превоз. Скопје е град и на малдите, тие се нашата иднина, посебни проекти и за нив. Ќе се продолжи и со градбата на булеварите. Нов Луна Парк, Градба на Прочистителна станица. Ќе се инсталираат уреди за намалување на загаденоста на воздухот. Ќе се субенционираат велосипеди. Поздарво и зелено Скопје е нашата определба. Знаете дека не ветувам ако неможам да исполнам за Скопје секогаш можеме и повеќе и подобро. Да ги направиме Скопје и градовите во Република Македонија уште поубави места за живеење. На 15 Отктомври сите да славиме. Да живее Република Македонија, доаѓа нова ера!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


