| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Најмалку 6 проценти од БДП секоја година да бидат наменети за образованието

Долгорочно, квалитетно, меѓународно конкурентно и сеопфатно образование – тоа е идеалот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашната конвенција на партијата што се оддржува во СЦ Борис Трајковски.

Тој додаде:

-Да се стекне диплома и оценки со труд и знаење, наместо по некој заобиколен пат, е најдобрата животна лекција од образовниот процес за секоја млада личност која допрва ќе се натпреварува во животот. Меѓународно најуспешни програми и универзитети и меѓународно високо конкурентни реномирани професори кои пренесуваат искуства на граѓаните, на студентите, кај нас е целта на граѓанската десница. Наставникот и професорот мора да бидат почитувани и подобро платени. Нашата главна цел за наредната декада е најмалку еден универзитет од Македонија да биде рангиран во првите двестете универзитети на Шангајската листа. Сега немаме ниту еден на првите 2000.

Груевски нагласи дека вложувањето во образованието не смее да запре, мора постојано да се зголемува.

– Ќе се стремиме најмалку 6% од БДП на Македонија да бидат наменети за образованието секоја година. Нашата цел е Македонија да напредува и да влезе во земјите кои се наоѓаат во првата половина на листата на PISA – потенцираше тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top