Генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати пред поддржувачите и граѓаните на Република Македонија во преполаната Борис Трајковски, ветувајки дека на од 15 Октомври ќе дојде нова ера, време на нови проекти и нова реална визија за подобро утро и економски просперитетна Македонија.
-Она што ќе го понидиме прецизно го ветуваме, а ветуваме тоа што можеме да го исполниме. Прецизно се планирани новите изборни програми. Образованието е најважен темел за иднината, за таа цел ќе изградиме повеќе од 331 училиште. За таа цел ќе изградиме повеќе од 135 градинки. Преку градење и ширеше ќе се бориме и со загаден воздух ќе изградиме зелени паркови. Ќе израдима и 412 проекти за водовод канализациции. Нашите програми опфаќаа 308 проекти за водовод. Ќе градиме стотици километри асвалт.

Зад овие програми е нашиот труд. Во изминатите три ипол месеци потрошивме часови ги вклучивме најдобрите луѓе кои искрено сакаат да допринесуваат. За силно мотивираните. Но вратите остануваат отворени и за реалниот човек. Како генерален секретар ве повикувам сите активисти членови подржувачи продолжете да ги полнете штабовите продолжете да ја покажувате енергијата во секој град секое село…Ги мобилизиравме сите сили во општеството за ново и подобро утро, цврсто верувам во нашите челнови и активисти. Сите тие ја имаат нашата почит. Ниту еден успех не е незаслужан, за се до сега што сме постигнале е со многу работа и труд. На 15 октомври доаѓа ехо кое ја најавува победата на народот и новата ера во Македонија. На 15. октомври ќе славиме, ќе славиме така силно, што нема да знаат што ги снашло. А на 16 бараме предвремени парламентарни избори.
Да бидеме сплотени и единствени, никој тогаш не ни може ништо. Сите заедно можеме да ја победиме оваа неспособна власт. Сонот на оваа генерација политичари е да ја видат Македонија економски просперитетна и членка во ЕУ и Нато. Да работиме чесно и одговорно за партијата и државата. Победуваме!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


