Социјалната држава е интегрален дел на едно општество како што го гледа граѓанската десница. Социјалната правда е уставна категорија и мора да биде испочитувана. До последен атом ќе се бориме за искоренување на сиромаштијата. Граѓанската десница мора да помага на помалку моќните, обесхрабрените и социјално ранливите -посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на партиската конвенција.
Тој додаде дека вработувањата и растот на економијата се двигател на нашата поента за намалување на сиромаштијата за 3/4 од онаа што е постоечка.
-Најдобрата социјална политика е политиката на отворање на нови работни места. Најсигурниот и најодржлив начин за излегување од сиромаштијата е образованието засновано на знаење и креативни вештини – рече Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.