| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија поврзана внатре – посилна надвор

Шестата визија што ја претстави Груевски на конценцијата на ВМРО-ДПМНЕ во СРЦ „Борис Трајковски“ е поврзаноста.

-Брз, сигурен, безбеден и ефикасен транспорт се карактеристики на новата ера. Капиталните инвестиции во инфраструктурата мора да растат по обем од година во година како што растеа во изминатите 10 години. Проектите треба да се завршуваат и да се отпочнуваат нови. Треба да создадеме услови граѓаните да може да патуваат од својот град кон другите градови за не повеќе од 80 минути! Исклучок од оваа максима се градовите на крајните точки на државата каде треба да се патува за не повеќе од 120 минути. Тоа значи нов циклус на изградба на најмалку 3 нови автопати, покрај завршувањето на 3 автопати кои во моментот се градат но со значително намалено темпо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top