Малите бизниси мора да стануваат средни, а средните бизниси да стануваат големи. Нов циклус на регулаторна гилотина, воведување на електронски и интернет услуги за потребите на малиот и среден бизнис се само дел од мерките кои ќе обезбедат заштеда на трошоци во средства и време, што ќе придонесе за поголема акумулаци и можности за инвестиции и ширење на овие бизнисите – смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Тој додава дека речиси секоја општина ќе има изградени со инфраструктура индустриски зони со слободни локации по ниска цена. Инспекторати кои ќе работат исклучиво по закон, гарантирање на владеењето на правото се нужност која мора и која ќе биде остварена, а тоа ќе го подобри малиот и среден бизнис.
Поголем профит за малиот и среден бизнис е крајната цел на нашата нова визија, на новата ера, на новото утро кое започнува од денеска! – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.