| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ може да обезбеди поголем приход по глава на жител

Потребно е посериозно инвестирање на средства од страна на државата и општините во поддршка на иновациите и старт ап компаниите засновани на иновација

 

Стабилен и реален раст на БДП е визијата на ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата опозициска партија смета дека економијата е клучна, а тимот кој е тука за да ги остварува работите е оној кој може и мора да направи економијата да расте. ВМРО-ДПМНЕ може тоа да го оствари, рече Груевски на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во СРЦ „Борис Трајковски“ најавувајќи ја визијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Стабилен и реален раст на БДП во просек треба да е 4% или повеќе. Ние ова може да го оствариме. Реално! Потребен е поголем приход по глава на жител.

Тој образложи дека според класификациите на Светската банка во моментот Македонија со околу 5000 долари приход по глава на жител Македонија влегува во горниот дел на групата средно развиени држави според приходот.

-Во 2006 г. бевме со 3300 долари, па и покрај економските и политички кризи се направи сериозен прогрес. Нашата визија е преку сеопфатен напредок и развој на економијата земјата да влезе во групата на високо развиени земји според приходот со над 12.000 долари по глава на жител, во која група држави сега се Хрватска, Унгарија, Полска, Латвија и други. Тоа е нашата визија за наредната декада. Oстварувањето на долгорочен и одржлив економски раст, зголемувањето на конкурентноста на економијата и на вработеноста, како и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните се приоритети на економските политики на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

Македонската економија се повеќе ќе се заснова на иновации на приватниот сектор, кои се посилно ќе бидат подржувани и стимулирани од државата. Најнапредните економии во светот  се економии базирани на иновации, нагласи Груевски. Тој потсети дека донесувањето на законот за поттикнување на иновации  и формирањето на фондот за подршка на иновациите и технолошкиот развој кои веќе профункционираа се само почетна база за стимулирање и развој на иновациите кај приватниот сектор и образованието. Покрај оваа создадена основа која ќе продолжи да се надоградува, потребно е посериозно инвестирање на средства од страна на државата и општините во поддршка на иновациите и старт ап компаниите засновани на иновација. Во таа насока започна, и во иднина ќе се засили вградувањето во училиштата на посебни предмети за иновации, но и посебни делови во другите училишни предмети за иновации  по области.

Развојот на претприемачкиот дух, освен што засилено ќе се промовира од рани години на образовниот процес, ќе биде зајакнат преку посериозни поттикнувања и стимулации од страна на централната и локалната власт. Отворањето на центри за истражување и развој на домашни или странски компании во Македонија ќе биде силно финасиски помогнато преку директни субвенции и грантови од централната власт и општините. Трансферот на технологии и знаење ќе биде силно потикнат преку привлекување на голем број високо технолошки развојни мултинационални компании, н кои ќе им се нудат се нудат најдобри услови за бизнис во Европа.

Странските инвестиции покрај компонентата вработување на невработените, како и неколку други компоненти, носи и многу значајна компонента на трансферна знаење и технологии. Покрај дополнителните обуки и знаења, кои ќе ги добијат домашните инженери и работници кои ќе станат дел од овие најуспешни високотехнолошки компании во светот, таквите компании ќе внесат и домашни компании во синџирот на нивни соработници и партнери. Успесите на ова поле со донесувањето на „Џонсон контролс“, „Кемет електроникс“, но и некои домашни компании како „Хејтек“ и други, се доказ дека трендот е започнат и успехот на новата ера на трансфер на технологии  и знаења ќе успее. Само потребен е фокус на тоа.

Со нас Македонија ќе цели да влезе во петте највисоко рангирани држави во светот според Извештајот за водење на бизнис на Светската банка. Во моментот Македонија е на десеттото место во светот, а само во 2006 беше рангирана на 94 место. Со закон ќе се утврди дека јавниот долг нема да може да надмине неповеќе од 60 осто од БДП. Буџетскиот дефицит ќе биде ограничен на максимум три проценти од БДП, најави Груевски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top