Градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш денеска соопшти дека поднесува оставка на функцијата.
Топбаш, кој е член на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, не наведе конкретни причини поради кои се повлекува од функцијата.
Оставката доаѓа откако 72-годишниот Топбаш стави вето на пет плана за измени во градот, но неговата одлука потоа беше поништена од страна на членовите на неговата партија.
Топбаш на денеска одржаната прес-конференција нагласи дека иако поднесува оставка од функцијата градоначалник, сепак нема да ја напушти АКП.
Тој беше градоначалник на 15-милионскиот Истанбул, кој е главен турски финансиски центар и најголем град во земјата, од 2004 година.
Неговиот зет минатата година беше уапсен под обвинение за наводни врски со движењето на исламскиот проповедник, Фетулах Ѓулен, кого Турција го обвинува дека стои зад ланскиот неуспешен обид за државен удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


