Денес, на 22 септември 2017 година, започнува новото движење кое ќе ја донесе новата ера за Македонија, ера на просперитет, напредок и исполнети ветувања, одговорност достоинство и заедништво. Ера која ќе ја предводи оваа наша коалиција, и која ќе покаже на сите и дома и надвор, на сите оние кои се оправдано загрижени или можеби барем малку се скпетични дека да, ние можеме, да Македонија може, Македонија може и мора подобро, го започна обраќањето лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на конвенцијата на партијата во пресрет на локалните избори.
–Денес ќе се обидам да ви претставам една наша визија за тоа како треба да се развива Македонија и во која насока треба да оди во наредниот период. Во отсуство на јасна владина стратегија и план, во време на хаотичност и неспособност која е видлива од секого, ние излегуваме со еден документ, еден патоказ по кој ќе може сите да не препознаваат во идниот период, според кој може сите да не оценуваат, но притоа свесни дека нашиот збор вреди и има тежина, ние тоа што го ветуваме го исполнуваме и со нас сте на сигурно дека тоа што го нудиме ќе го исполниме.
Груевски потсети што преставувало ВМРО низ времето во Македонија, и дека ВМРО-ДПМНЕ е природен континуум на движење за создавање на попросперитетна Македонија.
–ВМРО беше едно движење за слобода за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е едно движење за создавање на попросперитетна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е движење кое треба да ја прави Македонија посилна, поразвиена и да ја движи напред. Оправдано од нас се очекува во моменти на неизвесност да ги повлечеме вистинските чекори и да го покажеме патот. Ние тоа и го правиме. Нашата битка е да се живее достоинствен живот. Нашиот напор е правда за сите. Нашата работа е да се подобри и развие животниот стандард на нашите граѓани и во нашите градови и села. Ние работиме да ги решаваме проблемите на луѓето. Нашата страст, но и грижа се повеќе инвестиции, повеќе работни места и повеќе работа за сите. Наш стремеж е подобро образование, подобри здравствени услуги и посовремени градови. Сакаме посигурна и постабилна Македонија. Сакаме да ги оствариме надежите на нашите родители, да отвориме пат за соништата на нашите деца. И затоа велиме секогаш работа, секогаш Македонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


