Поради страв од пораз на престојните локални избори, паниката кај СДСМ и Зоран Заев кулминира со скандалозни и нечовечки постапки, користејќи ја партиската полиција за закани и бруталност.
Имено, според информациите на Курир.мк, полицијата на Заев и Оливер Спасовски попладнево му вперила пиштол на глава на кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој воедно е соосптвеник на компанијата „Кожувчанка“,член на управниот одбор на Стопанска комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци.
Додека Јанчев патувал кон Скопје за конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, партиската полиција на Заев на брутален начин без никаква причина му вперила пиштол на глава на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и го легнала на земја.
Претходно веќе објавивме дека СДСМ во паника и страв од големиот интерес за Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која вечерва ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на најниски можни начини се обидува да ги спречи огромниот број заинтересирани граѓани вечерва да допатуваат во Скопје.
Според информациите до кои дојдовме, полицијата под палка на министерот Оливер Спасовски, во Прилеп и во повеќе други градови ги запирала автобусите полни со симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и ги праќала на технички преглед, со цел истите да не стигнат на најавената конвенција од опозициската партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


