ВМРО-ДПМНЕ ја смета за крајно недемократска и скандалозна одлуката со која се спречува одржување референдуми за населување на мигранти оценувајќи дека со тоа се попречува демократијата во државата.
„Државниот инспекторат за локална самоуправа е институција под контрола на Зоран Заев која очигледно по диктат мора да го блокира и оневозможува одржувањето на локалните референдуми за градењето мигрантски населби и кампови кои ги планира владата. Референдумот претставува најчист облик на демократија во кој граѓаните непосредно се изјаснуваат по прашања кои им се во директен интерес.Референдумот е граѓанско и пред сè уставно загарантирано право што Заев со петни жили се обидува да им го оспори.
Тоа е недозволиво. Тоа говори за нискиот демократски капацитет на СДС. Тоа говори за стравот кој владее кај Заев и кај СДС од соочување со народот по вака важни прашања. Одржувањето на референдуми во неколку општини во ист ден со локалните избори е единственото логично и рационално решение бидејќи на тој начин се намалуваат трошоците за одржување и нема ништо спорно во таа одлука на општинските совети.
Граѓаните сега на дело го гледаат недемократскиот принцип на работа на Заев и СДС. Гледаме дека се повторува 2004 година, во која истата политичка партија и истите ликови повторно одат со нивната максима дека некои прашања не заслужуваат одговор.
Уставниот суд мора веднаш да го отфрли ова решение на државниот инспекторат водејќи се согласно со Уставот . Никој не смее да им забранува на граѓаните да се произнесат за ова крупно општествено прашање во ист трошок со локалните избори. Стравот на СДС не смее да биде пречка“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


