Топ тема на македонската естрада денеска е свадбата на Каролина Гочева. Поп-пејачкта утре ќе се мажи за своето момче , уметникот Михаил Корубин.
Дека поп-ѕвездата наголемо се спрема за свадба, не е тајна. Но, она за што последниов период се говори, е каква венчаница ќе носи и кој ќе ѝ ја дизајнира. Дали идната свекрва, Лиле Корубин, позната македонска дизајнерка, или нејзината долгогодишна стилистка Цаци Паковска или поп-ѕвездата ќе се реши за некој од познатите светски брендови.
На свадбата, која ќе биде во Скопје, покрај семејството и најблиските, поканети се познати личности од естрадата.
Каролина и Михаил пред да се земат речиси две години беа во љубовна врска. Летово беа на одмор во Италија, па на островот Миконос во Грција, од каде што поп-ѕвездата споделуваше фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст