Продолжуваат меѓусебните закани меѓу лидерите на САД и на Северна Кореја.
Американскиот претседател Доналд Трамп, повторно на Твитер го нападнал лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.
Kim Jong Un of North Korea, who is obviously a madman who doesn't mind starving or killing his people, will be tested like never before!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 22, 2017
-Ким Јонг Ун, кој очигледно е лудак на кого не му пречи да го изгладнува својот народ, ќе биде тестиран како никогаш до сега, напишал Трамп на својот профил на оваа социјална мрежа.
Потсетуваме, на Генералното собрание на ОН, додека Трамп држел говор, ветил дека ќе ја уништи Северна Кореја, додека после тоа севернокорејскиот лидер рекол дека “Трамп е ментално пореметен”.
Ким Јонг Ун, реагирајќи на најновата закана на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека “целосно ќе ја уништи” Северна Кореја, рекол дека таа земја ќе разгледа “највисоко ниво на контрамерки во историјата против САД”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


