Министерството за здравство ги објави имињата на 100те успешни доктори кои се наградено со новиот метод исплата по успешност, пренесува Канал 5.
На листата се наоѓаат и доктори кои штрајкуваа против овој модел како и сопругата на претседателот на самостојниот синдикат Дејан Ставриќ, Соња Ставриќ и докторката Калина Старделова од Клиниката за гастро која штрајкуваше.
Министерот Тодоров изјавил дека воопшто не е важно дали некој штрајкувал или не. За првиот човек на здравство е важно дека докторите добро си работеле и земале награда од 30 илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


