Министрите од владата на СДСМ вчера протестираа против самите себеси, барајќи чист воздух. Имено граѓани вчера со скандирања „Сакаме воздух, не се дише“ протестираа пред Владата, а меѓу присутните беа и видни лица од СДСМ кои практично протестираа сами против себе.
На протестот кој беше организиран од повеќе Невладини организации присуствуваа заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, министрите Дамјан Манчевски, Роберт Поповски и пратеникот Павле Богоевски. Меѓу присутните беа и кандидатите за градоначалници од СДСМ, Петре Шилегов, Саша Богдановиќ и Златко Марин.
Министрите и членовите на СДСМ од нивната Влада бараа чист воздух.
Организаторите на протестот побараа од Владата веднаш да преземе мерки за намалување на загадувањето на воздухот, а барањата ги доставија до Министерството за животна средина.
За апсурдот да биде поголем, Макрадули претходно одржа прес-конференција каде рече дека Владата формирала Интерресорска работна група од повеќе институции за следење на состојбата на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека оваа прес-конференција претставува чист популизам во пресрет на претстојните локални избори.
-Тој практично вети дека ќе го исчисти владата загадениот воздух со протоколарни заложби и рестриктивни мерки кои одат на штета на граѓаните. Посебниот сообраќаен режим или воведувањето на мерката пар непар за возење на автомобили нема да го реши проблемот со загадениот воздух, туку само ќе ја зголеми нервозата на граѓаните и ќе ја потикне нефункционалноста за што ќе трпи и бизнисот како и граѓаните. Загадениот воздух нема да се исчисти со мерката на владата која ја презентираше Макрадули за зголемување на административните капацитети за проверка на оџаците на домаќинствата. Како министерство тоа може да го прават и сега, но откако тoa ќе го констатираат треба да понудат и конретно решение- се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека сите мерки кои Макрадули ги презентираше се давање на иницијативи, а не конкретно делување што покажува дека ништо од ова нема да се оствари и оваа прес конференција е гол и примитивен популизам во однос на претстојните локални избори. На граѓаните им се потребни прецизни и сеопфатни мерки кои квалитативно ќе го подобрат загадениот воздух и животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст