| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележување на Евопскиот ден на јазиците

Европскиот ден на јазиците ќе се одржи во вторник, на 26 септември 2017, во 12 часот, во трговскиот центар „Рамстор“.

Манифестацијата, којашто ја организираат Делегацијата на Европската Унија, Францускиот институт во Скопје, Гете-Институтот Скопје, Институтот Данте Алигиери, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, има за цел да го одбележи денот којшто се прославува во земји ширум светот и да ја истакне важноста на познавањето на странски јазици.

Манифестацијата ќе биде отворена во 12 часот, од страна на Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија, а воедно е предвидена и пригодна програма: доделување на наградата за млади преведувачи Вавилон“ работилници за деца и младинци на француски, германски и италијански јазик, како и презентација на книги од книжевните фондови на институциите организатори на овој настан.

Во рамките на оваа прослава, ден претходно, в понеделник, 25 септември 2017, во 19 часот, во просториите на Францускиот интитут во Скопје, ќе се одржи промоција на монографијата : “Францускиот јазик во Република Македонија низ образовните и културните активности“, чии авторки се: проф. д-р Ирина Бабамова и проф. д-р Снежана Петрова, професорки на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Свои обраќања ќе имаат Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција, и проф. д-р Анета Дучевска, Декан на Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ во Скопје.
Настанот е во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top