Првиот месец по доаѓањето на СДСМ на власт, наместо зголемување на просечната плата, нели Зоран Заев ни кажуваше дека просечната плата ќе порасне на 500 евра, имаме 0,7 отсто намалување во јуни во споредба со мај.
-Значи само во еден месец, во месец јуни во споредба со мај, бруто платата се намали за 0,7 отсто според официјалниот податок на Заводот за статистика. Тоа укажува дека ветувањата се една работа, но она што се случува подоцна во реалноста и на терен кога доаѓа СДСМ е друга работа. Не само што нема зголемување на просечната плата, туку започна и тренд на намалување. По подолг период, просечната плата во Македонија од еден во друг месец се намалува и тоа е загрижувачки податок, рече Груевски.
Заев ги излажа граѓаните дека ќе има просечна плата од 500 евра и веќе им го испланирал и трошењето на тие пари како да бидат.
Просечната бруто и нето плата втор месец по ред паѓаат. Вработениот во јули земал 400 денари пониска плата во однос на мај!
Во јули просечната бруто плата изнесува 33.228 и е помала за 0,5 отсто или за 281 денар во однос на јуни, додека во однос на мај е помала за 412 денари.
Во јули просечната нето плата изнесувала 22.671 денар и е за 0,6 отсто или за 137 денари помала од просечната нето плата во јуни, или за 218 денари помала од нето платата во мај.
По подолг период платата во Македонија се намалува од месец во месец, а ова е втор месец по ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.