Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови. Во вечерните часови облачноста ќе се намали.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 12 степени, а максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 14 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно и свежо со услови за појава на краткотраен дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено може да засили. Температурата од 11 до 21 степен.
За време на викендот ќе има преодно стабилизирање со свежи утра и повисоки температури во текот на денот. Нов влажен бран се очекува во понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст