| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Лилијан Бетанкур, најбогатата жена според „Форбс“

Наследничката на француската козметичка групација „Л’Ореал“ (L’Oreal), Лилијан Бетанкур синоќа почина на 94 години.

Таа на 21 октомври требаше да наполни 95 години.

Бетанкур според „Форбс“ беше најбогата жена во светот, чие богатство се проценуваше на приближно 40 милијарди долари.

Таа поради Алцхајмеровата болест во 2012 година се повлече од управата на „Л’Ореал“ и од јавниот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top