| четврток, 6 декември 2018 |

Почетокот на есента ќе ни испорача зимски температури

Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо, со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови на земјата.

Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 12 степени, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе спушти до 7, а дневната максимална температура ќе достигне до 20 степени.

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и благ пораст на дневните температури. Нов влажен бран се очекува во понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top