Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го повлече барањето на Косово за членство во Интерпол пред состанокот на таа организација во Кина.
– Уверување за Косово да биде член на Интерпол веќе дадоа многу земји, но тоа не е доволно за Косово да стане член на оваа светска организација, наведе Харадинај, а пренесува Zeri.info.
Харадинај во соопштението се заблагодарил на сите косовски институции кои биле вклучени, како и на меѓународните партнери и ги повика сите да продолжат со работа за Косово да стане член на Интерпол на следниот состанок.
Тој наведе дека членството на Косово во Интерпол е директен допринос во борбата против меѓународниот криминал и тероризам и дека Косово е спремно да преземе целосна одговорност како член на Интерпол.
За членството на Косово во Интерпол требаше да се расправа на Генералното собрание на организацијата на 26. септември во Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.