| четврток, 6 декември 2018 |

Дали владиката Пимен ќе одговори на овие осум прашања?

Pimen-vladika-4

 

 

Уредникот на Нетпрес Дејан Николовски на владиката Пимен денеска му поставува јавно 8 прашања. Членот на светиот синод на МПЦ ОА интензивно е присутен во јавноста  и на социјалните медиуми откако јавно се вклучи во дебатата за протестите против идејата на општина Центар да направи промени во урбанистичкиот план  за делот од Скопје каде се гради црквата „Св. Константин и Елена“

1. Дали владиката Пимен смета дека е во ред постапката на архиепископот тој да има луксузни возила, а Пимен како владика да не може да земе плата?

2. Дали владиката Пимен смета дека е во ред неговиот ментор Владиката Наум да се развозува со скапи мотори, а притоа да не се даде еден денар за сиромашните?

3. МПЦ која ги искористи добрите релации со ВМРО-ДПМНЕ ќари многу од денационализацијата. Повеќе од 30 милиони евра изразени во земјиште, обврзници и објекти. Кој е ставот на Владиката Пимен што МПЦ не може да му даде плата?

4. Кој е ставот на владиката Пимен што во една реална позиција на монопол на МПЦ, според анкетите, околу 30 отсто граѓани имаат доверба, а други 30 отсто немаат доверба во свештениците на МПЦ?

5. Дали владиката Пимен би се придружил на апел до архиепископот Стефан да ги продаде луксузните возила со кој би се обезбедиле пари за сиромашни семејствата?

6. Кое е мислењето на Пимен за македонските верници во европската епархија каде тој е владика, и каде до толку не може да собере средства за да може тој да земе плата? Дали тој е разочаран од нив и кој е виновен што тој не може да земе плата?

7. Како владиката Пимен ја оценува транспарентноста и отчетноста со управувањето на финансиите во МПЦ од страна на дедо Стефан и другите владици?

8. Дали владиката Пимен знае дека најмалку еден владика од Синодот на МПЦ е женет?

Убеден сум дека со јасни и прецизни одговори на овие прашања владиката Пимен ќе им докаже на сите, дека е навистина еден чесен, принципиелен и отворен човек кој не се срами да си го каже јавно своето мислење, како што мудро постапи деновиве.

Верувам дека нема да ме разочара кога конечно сретнав ваков храбар владика и сега да го снема, да не одговара или пак да даде некој општ, неконкретен и непрецизен, и краток одговор. Во таков случај не само што мене би ме разочарал, туку ќе им ги потврди ставовите на злобниците кои велат дека владиката Пимен ова го прави да се освети на ВМРО-ДПМНЕ, дека не му исполниле некој лична желба, како и на други злобници кои тврдат дека тој само има потреба од поголемо експонирање на тема која му одговара и со која нема што да загуби, па затоа демек глумел принципиелност – вели Николовски во писанието то Пимен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top