| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 20.000 лица страдаат од Алцхајмерова болест, а само 2000 користат терапија

Околу 20 илјади лица во Македонија  имаат Алцхајмерова болест, а само десет проценти се покриени со терапија, покажуваат проценките на македонските здравствени власти врз основа на светската статистика и старосната структура на населението.

– Навременото дијагностицирање и примање соодветна терапија може значителено да го подобри квалитетот на живот на лицата со Алцхајмер, како и на нивните семејства. Често има пациенти дома кои  забораваат и се депресивни, а не се  свесни за каква болест се работи- истакнаа денеска министерот за здравство Арбен Таравари и лекарите од областа по повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест – 21 Септември, што се одбележува под мотото се „Сети се на мене“.

Главни симптови на Алцхајмеровата болест е заборавање на скорешни настани, дезориентација во простор и време, проблеми во комункација, промена во расположение и промена во дневната рутина.

Габриела Новотни, лекар од Клиниката за неврологија, апелира семејствата кои имаат лица со вакви симптови да не ги чуваат дома или во домови за стари лица, туку да ги однесат на лекар.

– Со терапијата што ја имаме тука во Македонија може да се влијае на квалитетот на живот како на пациентите, така и на семејството, затоа што оваа болест влегува во домот и не само што ги краде меморијата сеќавањето, спомените на пациентите,.. ги инволвира сите од семејството со потреба од 24 часовна грижа за нив, изјави Новотни.

Според статистичките податоци во Македонија има на 400.000 лица со над 65 години од кои се проценува дека околу 20  илјади имаат Алцхајмерова болест, а се третираат само 2.000 до 3.000 од нив. Тоа, според ресорниот министер е многу мала бројка. Во државите во соседството како Србија, Хрватска се третираат 40 до 50 проценти. И ние треба да ја постигнеме таа цел, потенцира Таравари, посочувајќи дека Алцхајмеровата болест е околу 70 проценти од вкупниот број деменции.

Во Македонија, како што потенцира, нема специјални установи кај би се задржале пациентите кои откако ќе ја добијат терапијата се враќаат дома.

– Правовремениот третман влијае на квалитетот на животот за домови и специјални устанави треба да се размислува долгорочно бидејќи нашата популација се повеќе старее, рече министерот за здравство.

Граѓаните, како што рече Новотни, треба да знаат дека заборавањето не е дел од нормалното стареење и оти не е нормално нашите дедовци, баби, родители да забораат, тоа е знак на болест и треба да го донесат затоа што ако рано почнеме со терапија квалитетот на живот ќе биде многу подобар.

– Ние кои работиме  со пациентите треба да ги усовршуваме методите на дијгностицирање и потсетуваме дека тоа е тивка епидемија која полека но сигурно станува водечка причина за смртност во светот. Јасно е дека ни е потребен лек, многу  иницијативи, кампањи и активности се насочени кон наоѓање, но тој ќе делува само ако навреме има дијагностцирање, рече Новотни.

Податоците на надлежните институции покажуваат дека во светот на секои три секунди има еден нов заболен од Алцхајмер и оти бројот на заболени се удвојува на секои 20 години. Смртноста од оваа болест е поголема од предизвиканата од карцином на дојка и простата заедно. Податоците покажуваат и дека 40 проценти од негувателите на лица со Алцхајмерова болест страдаат од депресија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top