| четврток, 6 декември 2018 |

И шпионот Божиновски ќе рекетира за Заев на локалните избори

Стратегијата со која СДСМ настапува на локални избори се заснова на лаги и манипулации. Закон за јазици, закон за амнестија, ослободување на затвореници, предизборни притисоци, рекет и кражба на денот на изборите. По овој редослед безидејноста на СДСМ ќе се реализира како изборна pрограма.

Свесни дека Владата која ја предводат со својата работа и најавени проекти, не само што не ги исполни очекувањата, туку и ги разочара граѓаните кои можеби и малку поверуваа во најавениот „живот“ кој го ветуваше СДСМ, на Заев и СДСМ не им останува ништо друго освен повторно да се служат со лаги за локалните избори.

Ветената амнестија за осудени криминалци се должи на високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, па ослободените криминалци и бандити од страна на Заев би требало да ги заплашуваат граѓаните и тие да гласаат за СДСМ. Криминалците кои ќе добијат слобода од Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, ќе бидат главниот адут на владејачката партија за локалните избори.

Заев веќе почна да го отвора портите на затворите – уште во јули беше ослободен рекетарот Зоран Божиновски, Божиновски е обвинет во случајот „Шпион“.

Кој и за што му ги дал прислушуваните разговори на Зоран Божиновски

-Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и во собраниска процедура, изјави Заев при неодамнешната посета на затворот во Идризово.

Додека се чека Законот за амнестија да биде биде изгласан во Собранието се бара начин како од затворите во Македонија да бидат ослободени лица осудени за тешки кривични дела. Медицински причини, пуштање на викенд без враќање назад се дел од методите кои се спроведуваат.

СДСМ подготвува изборен фалсификат: Рамковски, Красниќи и Сејдију на слобода, терористите од Диво Насеље со мобилни

Па, така медиумите изминативе денови пишуваа за ослободувањето на Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу од затвор.

Пред четири дена од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Сејдиу, кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување. Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври, а како што официјално е наведено од медицински причини.

Бајруш Сејдиу е осуден на казна затвор од 12 години. Во придружба на полицијата често беше носен на прегледи и интервенција во Клиничката болница во Штип.

Бајруш Сејдиу му испраќа поздрави на Заев

Здравствените проблеми вчера вечерта тутунскиот бос Сејдиу ги лечеше во кафеана во Куманово од каде порача „Да живее Зоран Заев“, кој го ослободи од затвор.

Неодамна, на викенд беше пуштен Кондовецот Агим Красниќи, осуден за изборни насилства, атерористите од Диво Насеље по посетата на Заев на „Идризово“ добија мобилни телефони.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top