| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец ја претепал својата баба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 31 јули оваа година во 23.30 часот во својот дом на улицата ,,Сирма Војвода” во Охрид.

-Тој започнал да тропа на вратата од спалната соба која била заклучена, а во која спиела неговата 80 годишна баба. Откако ја отворила вратата, осомничениот влегол внатре и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по главата и телото, при тоа нанесувајќи и повреди и крвни подливи, информираат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top