| четврток, 6 декември 2018 |

Манифестација „Движи се за здравје“

Во рамки на Европската недела на движењето, што се одржува од 21 до 27-ми овој месец, денеска на платото пред фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк ќе се одржат забавно – рекреативни игри под мотото „Движи се за здравје“.

Манифестацијата е во организација на Федерацијата за рекретивен спорт и Спортскиот оддел при Детскиот културен центар „Карпош“, со поддршка на ISCA (international sport and culture asociation) од  Данска и Агенцијата за млади и спорт.

Манифестацијата е од забавно-рекреативен карактер и подразбира вежби за подобрување на моторичкиот развој кај децата од рана предучилишна возраст

Од секоја градинка од Скопје и околината ќе учествуваат по пет момчиња и пет девојчиња од најголемата група, а на манифестацијата ќе има вежби со велосипед или тротинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top