На само еден километар од Тетово и на триесетина километри од Скопје, привршува изградбата на најголемиот трговски центар во западна Македонија. Во градежниот процес на „Палма мол“ учествуваат исклучително комапнии од Македонија, со повеќе од 300 работници.
– Со сите марки што ќе можат да се најдат овде „Палма мол“ ќе стане трговски центар од светски стандарди каде што сите посетители ќе имаат можат да ги извршуваат своите секојдневни потреби и да уживаат во најразличните забавни содржини – изјави сопственикот на „Палма трејд“, г. Неат Џеладини
Во центарот ќе бидат застапени марки како „Њујоркер“, „Kоинкаса“, „ЛТБ џинс“, „Спорт Вижн“, „ДМ дрогерии“, „Лакосте“, „Наутика“, „Мотиви“, парфимериите „Шатци“, „Своч“, „Лост“, „Васидора“, заедно со постојните енкори на „Палма мол“ како „Рамстор“, „Палма трејд“ и ресторанот „Емпориум“.
– Сите тие ќе заокружат една целина, која ќе претставува вистинско задоволство не само за Тетово, туку и за цела Македонија и регионот – изјави г. Оливер Димитровски, сопственик на компанијата „Њу веј“.
„Палма мол“ се простира на површина од 32.000 квадратни метри, на четири нивоа, со подземен паркинг од 250 места, со вентилирачки систем и со 24 часовен надзор со камери и со редари. Со постојните 250 паркинг-места од отворен тип, вкупниот капацитет за паркинг на „Палма мол“ е 500 места и ќе биде бесплатен. Центарот ќе има околу 80 продавници со најразлични содржини како кафетерии, ресторани, содржини за деца и за возрасни, реномирани светски марки за облека, па сè до маркет „Рамстор“, продавница за стока за широка потрошувачка и слично.
Отворањето на „Палма мол“ е предвидено за септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


