| четврток, 6 декември 2018 |

МНР: Засега нема информации за македонски граѓани погодени од земјотресот во Мексикo

Македонската амбасада во САД до овој момент нема сознанија за македонски државјани погодени од земјотресот во Мексико, соопштуваат од Министерството за надворешни работи. Оттму додаваат дека македонската Амбасада во САД е во контакт со мексиканските институции за какви било нови информации.

Македонски граѓани кои евентуално се погодени од земјотресот во Мексико, можат да ја контактираат македонската амбасада во САД на следниве телефони: 00 1 202 390 7418 и  00 1 202 667 0501.

Од МНР истакнуваат дека доколку добијат било какви дополнителни информации навремено ќе ја известат јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top