| четврток, 6 декември 2018 |

Во струмичката болница не работи компјутерскиот томограф

Додека СДС се грижи како да ги наполни болниците со директори со криминално минато и лица кои имаат судир на интереси, во струмичката болница не работи компјутерскиот томограф, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Повеќе од 100.000 граѓани од Струмица и околните општини се оставени без оваа неопходна дијагностика. Годишно овој апарат снима повеќе од 12.000 пациенти, кои сега се приморани да патуваат до Штип и до Велес. Најлошо е тоа што поправката на овој апарат не е ниту на повидок“, рече Николов.

Тој вели дека пациентите најмалку уште три месеци нема да можат да ја користат оваа здравствена услуга во струмичката болница.

„СДС не се грижи за здравствената опрема оставена во наследство од владата на ВМРО-ДПМНЕ, а уште помалку се грижи како да набави дополнителна опрема и да ја зголеми опременоста во здравствените установи. Под палката на СДС квалитетот на здравствените услуги рапидно паѓа. Зачестена е смртноста на новороденчињата која министерството сакаше да ја сокрие од јавноста“, рече Николов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top