| четврток, 6 декември 2018 |

Симон Трпчески доби постојан ангажман во лондонскиот „Вигмор Хол“

Македонскиот пијанист, Симон Трпчески, во новата сезона 2017/2018 година ќе биде резидентен артист на лондонски „Вигмор Хол“.

Првиот од серијата од три концерти со различна програма во текот на сезоната е утревечер и ќе ја означи соработката на Трпчески со еден од водечките светски виолончелисти, Даниел Милер-Шот.

Македонскиот пијанист, кој досега повеќе од десeтина пати има настапувано на оваа сцена, во јануари наредната година на престижната лондонска сцена ќе го донесе хит-проектот на Трпчески и пријателите „Македонисимо“, инспириран од македонскиот фолклор и посветен на македонскиот народ.

Овој циклус во британската престолнина нашиот пијанист ќе го заокружи со самостоен рецитал во мај.

Трпчески веќе е потписник на две компакт-диск изданија снимени од настапите во живо во „Вигмор Хол“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top