| четврток, 6 декември 2018 |

Новите дизел возила ja загадуваат средината исто како и оние на бензин

Новите дизел автомобили не ја загадуваат животната околина помалку отколку возилата на бензин, објавија група германски весници по добиен одговор од Министерството за транспорт.

Авто индустријата во Германија е најголем извозник и во неа работат повеќе од 800 илјади луѓе.

Групацијата Функе цитираат одговор од Минстерството за транспорт во кој се вели дека дизел возилата регистрирани во 2016 година испуштаат 128 грама јаглерод диоксид по километар споредено со 129 грама што испуштаат возилата на бензин.

Разликата во емисијата на штетни гасови е иста веќе една деценија.

– Станува мит дека дизел возилата помагаат да се заштити климата- вели Стефан Куен, експерт за транспорт од Зелените во Долниот дом на германскиот парламент во изјава за весниците од Функе групацијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top