Секторот за односи со јавност во Владата на РМ се потруди срамот на Заев за измислената средба со Трамп да не се заборави како ланскиот снег.
Ако помисливте дека Владата ќе остави времето да ги избрише трагите, сте се излажале. Владата се потруди да не се заборави, а она што било срам, да прерасне во уште поголем.
На брифинг со новинарите Секторот за односи со јавност на Владата појасни дека немало директна тет-а-тет средба на премиерот Зоран Заев со американскиот претседател Доналд Трамп. Средбата, всушност, била состанок организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.
Објавата на страницата на Зоран Заев на Фејсбук, пак, „Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Доналд Трамп предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН.“, била „несреќна формулација споделена на фејсбук-страницата на премиерот Зоран Заев“.
Несреќни во оваа ситуација сме изгледа само ние, кои треба да ја проголтаме оваа лага додека нѐ јаде туѓиот срам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст