Људмила во една прилика го нарече својот, наскоро поранешен, сопруг вампир, сега Путин ја возврати топката велејќи дека секој што ќе успее да преживее со неа три недели, заслужува споменик.
Книгата „Кревки пријателства“, на авторката Ирена Пиетш, некогашна пријателка на Владимир и Људмила Путин, открива пикантерии за односот меѓу брачните партнери, кои минатиот четврток ненадејно најавија развод.
Људмила Путин наводно во еден разговор со Пиетш на шега рекла дека нејзиниот сопруг, за жал, е вампир, а рускиот претседател изјавил дека секој што ќе успее со Људмила да помине три недели, заслужува да му се подигне споменик, пишува „Москов тајмс“.
Путиновата наскоро поранешна сопруга била фасцинирана од астрологијата, нешто за што Путин немал многу слух, кој веднаш ја замолчувал штом ќе почнела разговор за астролошките знаци.
Људмила на пријателката ѝ се пожалила дека Владимир Путин го прекршил даденото ветување дека ќе се држи понастрана од шпионскиот свет кога во 1998 година се согласил да дојде на чело на ФСБ. Таа била длабоко погодена од таа ситуација мислејќи дека веќе нема да може да го гледа сопругот.
Инаку, Људмила ѝ го опишувала на пријателката Путин како вистински маж за неа бидејќи не пиел и не ја тепал. Сепак, му забележува што повеќето вечери ги минувал со пријателите, додека таа послужувала. Важните разговори Путин ги правел во Финска бидејќи сметал дека никаде во Русија нема безбедно место каде што може да зборува, а да не го слушнат оние што не треба.
Владимир и Људмила се венчале во јули 1983 година и имаат две ќерки, 30-годишната Марија и една година помладата Екатерина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени



