| четврток, 6 декември 2018 |

Нова тура соросоиди дојдоа до функции: Уранија Пировска набљудувач во Европската агенција за фундаментални права

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет во Македонија, Уранија Пировска, ќе ја извршува функцијата заменик-набљудувач во Управниот одбор на Европската агенција за фундаментални права. Владата на вчерашната седница одлучила народниот правобранител, Иџет Мемети, да биде набљудувач во оваа меѓународна организација каде Македонија неодамна стана членка.

Барање за членство Македонија поднесе уште во 2008 година, а беше конечно примена во август годинава. Со тоа стана единствена земја-кандидат за членство во Европската унија, која се стекнала со право да учествува во работата на Агенцијата. Членството се толкуваше и како сигнал од Европската унија дека ги препознава европските перспективи на Македонија.

Лице за врски е Тања Кикерекова, раководител на одделението за човекови права во Министерството за правда, а за заменик Елена Бодева, соработник во Министерството за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top