| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата раскази „Шех Вардар“ од Ленче Милошевска

Во Друштвото на писателите на Македонија на 22 септември (петок) во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата раскази „Шех Вардар“ од писателката Ленче Милошевска. За најновото прозно дело на Милошевска, што се појави во издание на „Антолог“ од Скопје, ќе зборува д-р Соња Стојменска Елзесер, а фрагменти од расказите ќе чита Александра Велинова.

Ленче Милошевска е автор и на прозните книги „Кумова слама“, „Три жени во три слики“, „Сатанска печурка“ и „Аксиос ги дели приказните“,  како и на стихозбирките „Жедната земја моја“, „Кадилница на денот“, „Камени пораки“, „Одложена мисла“ и „Зборот е светлина“.

Ленче Милошевска со своите преводи од англиски на македонски јазик на нашите читаели им  доближи дваесетина значајни книжевни дела од светската литература. Член на ДПМ е од 1999 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top