| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повреден пешак, 12 сообраќајки вчера во Скопје

Пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од 12. сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во четири полесно се повредени пет лица, а во седум сообраќајки е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои 48 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди, како и 33 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 92 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор и 14 возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило пајак, пак, се отстранети 91 возило.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќај“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците во второ одделение во ООУ „Кочо Рацин“ на подрачјето на општина Центар.

Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со членовите на Училишната сообраќајна единица при СУГС АСУЦ „Боро Петрушевски“ денеска ќе преземат превентивни мерки од областа на сообраќајот на ул. „Тодор Александров“ пред ОУ „Кочо Рацин“, по прекршоците кои најчесто ги чинат пешаците и возачите на моторни возила

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top