Литија по улиците во центарот на Скопје ќе биде одржана денеска во пресрет на утрешниот празник на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.
Прославувањето на празникот почнува вечер со богослужба во 17:30 часот, по што ќе продолжи со литија по улиците на Скопје.
Утре, на денот на празникот, ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 7.30 часот, а потоа и света литургија во 9 часот.
Братството при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја – заштитничката на градот Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст