| четврток, 6 декември 2018 |

Две пејачки замешани во убиството на Јелена

Сведокот кој го видел Зоран Марјановиќ на насипот, но на спротивно место од тоа што навел во полиција е добар пријател на семејството. Тој тврди дека ги видел Зоран и Јана кај ѓубриштето меѓу 14:30 и 15:15 часот, а тоа значи дека осомничениот бил на спротивната страна од онаа што ја навел во полиција. Телото на Јелена било пронајдено на насипот меѓу ѓубритето и рампата, а Зран дал изјава дека со ќерката дошол од правецот на рампата за да ја бара исчезнатата сопруга.
Тоа не се поклопува со изјавата на сведокот.
Курир.рс нефицијално дознава дека во истрагата се опфатени и две пејачки, кои се доведуваат во врска со убиството на Јелена и со нив е извршен информативен разговор. Двете се познати пејачки, кои настапуваат во странство, а за време на злосторството биле во Србија. Едната од нив чудно се однесувала на распитот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top