Дваесет и седми април е настан што не требаше да се случи, но за жал се случи. Голема вина за случувањето има постапките во Парламентот што претходно беа направени и начинот на кој што се правеа. Неуставното, незаконското и неделовничко бирање на претседател на Парламентот. Можеше тоа да се направи и уставно и законски и деловнички, но мнозинството во Парламентот одлучи тоа да биде незаконски, тоа да биде неделовнички, неуставно. Груевски потсети дека тој бил првиот политичар кој реагирал јавно.
–За жал тогаш бев на службено патување во Виена, и веднаш штом ме извадија од состаноците, ми го прекинаа состанокот откако дознаа луѓето со мене дека има таков настан. Бев првиот што напрво преку социјалните мрежи, потоа, вечерта кога дојдов и со прес-конференција реагирав. Нормално, разговарав и со моите луѓе таму, и ги охрабрував да влијаат во правец на смирување на страстите и на заштита на тие што се нападнати, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски истакна дека видел многу снимки на кои се гледало како пратеници од неговата партија се бореле да им помогнат на луѓето од СДСМ.
–Главниот гнев од народот беше против пратениците од СДСМ и гледав како наши пратеници, како Владимир Ѓорчев, Никола Тодоров и неколкумина други правеа се што е во нивна моќ да им помогнат, да ги заштитат и да ги спасат нивните животи, посочи Груевски.
Напомена дека по случувањата на 27 април не комуницирал со Зијадин Села и оти жали за тоа што му се случи.
–Се радувам кога слушнав и видов како нашите пратеници му помогнаа со сите сили да се извлече од таа ситуација што беше клучно за неговиот живот, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


