Според сите истражувања на јавното мислење најбитната работа за Албанците е економијата, отворањето на нови работни места, зголемување на животниот стандард и зголемувањето на платите и пензиите, ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го истакна вечерва во емисијата „200“ на телевизија Алсат.–ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против употребата на јазиците на сите етнички заедници во Македонија вклучувајќи ја и албанската. Во 2008 се донесе Законот за употреба на јазиците и се донесе во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата, но она што ние не се залагаме да се случи е да не се донесе закон кој ќе биде противуставен и кој подоцна може да падне на Уставен суд. СДСМ и Зоран Заев одат на таа карта да пред локалните избори понудат закон за употреба на албанскиот јазик, со кој се зголемуваат правата на начини кои се спротивни на Уставот. Планираат по локалните избори, откако ќе се обидат да привлечат и да измамат што повеќе Албанци, или ќе го коригираат тоа или ќе го донесат, а потоа Уставниот суд ќе го поништи, тоа е нечесно кон Албанците, тоа не е фер, потенцираше Груевски.
Докази за ова има секојдневно вели Груевски. Сите членови на МАНУ, професори, македонисти, долгогодишни поддржувачи на СДСМ, советници на Заев, негови соработници, јавно говорат дека законот е неуставен и дека тој ќе падне на Уставниот суд. Тоа значи дека СДСМ планира да го помине сега ваков каков што ќе им се допадне на Албанците, а потоа под превезот на Венецијанска комисија, под превесот на тоа што е уставно, а што не е уставно да го видоизмени во форма која би била поуставна или да го донесе таков каков што е, а потоа некој од поранешните коалициони партнери на СДСМ, како на пример Левица, да даде иницијатива до Уставниот суд и тој да биде соборен.
–Неговите соработници, како што до неодамна беше Левица, неговите најголеми поддржувачи кажуваат јавно дека е неуставен законот. Ние сме за тоа да се зборува чесно, да не ги лажеме луѓето. СДСМ сака да ги лаже луѓето, рече Груевски.
Тој вели дека засега првата фаза од овој закон предложен од СДСМ и ДУИ е неуставен, тој вели и дека доколку втората фаза е уставна тие како партија ќе го поддржат овој закон за јазиците.
–Ние се противиме да се донесе закон за јазиците кој е неуставен, ние сакаме се да е согласно со Уставот, а во овој дел огромен дел од законот е неуставен и нашите пратеници секој ден го потенцираат тоа во детали и посочуваат што е неуставно, вели Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


