Демисексуалците мораат најпрво да почувствуваат емотивна привлечност за воопшто да размислат за физичка врска со некого. Нив не ги привлекува убавата физиономија, туку личноста која се крие позади тоа.
Во соба полна со луѓе се случува една личност да ви го привлече вниманието поради својот изглед. Ова иако многу ретко, но може да прерасне во љубов на прв поглед. Меѓутоа, за демисексуалците помислата на инстантна сексуална привлечност е одбивна. Поимот демисексуалност опишува луѓе кои најпрво мора да создадат силна емотивна поврзаност со личноста пред да се впуштат во физичка врска. Иако чувствуваат потреба за сексуални односи, демисексуалците во емотивното поврзување со други личности не мора да почувствуваат дури ни романтична привлечност, туку само длабока врска помеѓу нив и партнерот.
Поимот демисексуалец прв пат се појавил пред 10 години и набргу станал прифатен помеѓу луѓето кои се препознале во тие сексуални карактеристики. Многумина од оние кои се идентификувале со демисексуалност велат дека идејата на бакнување со личност која прв пат ја гледаат за нив е незамислива.
Иако често поимот демисексуалност се поврзува со асексуалност, луѓето кои се демисексуалци велат дека тоа не е исто, туку напротив – тие се сексуални, но само со оние со кои длабоко и емотивно ќе се поврзат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст