| четврток, 6 декември 2018 |

„Ве молиме кажате му на светот дека Доминика е уништена“

Ураганот „Марија“ во текот на ноќта стана исклучително опасен и достигна јачина од петта категорија, предупреди американскиот Национален центар за урагани. Брзината на ветровите изнесува 260 километри на час.

Во текот на ноќта ураганот преминал преку карипскиот остров Доминика и се заканува директно да го погоди Порторико.

Засега нема информации што се случува на островот Доминика, на кој живеат околу 72.000 жители, но премиерот Рузвелт Скерит напишал на социјалната мрежа Фејсбук:

„Ве молиме кажате му на светот дека Доминика е уништена“.

Тој истакнал и дека очекува голем број жртви. На Порторико веќе се подготвени 450 засолништа, за најмалку 68.000 лица. Училиштата се затворени, а вработените во државните институции работат со скратено работно време.

Марија се движи кон Девствените Острови и Доминиканската Република, кои се очекува да бидат погодени утре или в четврток. Ураганот Марија се движи речиси по истиот пат каде што на почетокот на месецов веќе помина ураганот Ирма и го разори регионот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top