| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на „Димитрија Чуповски“: Владата на Заев без поддршка, на локалните избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ

Институтот Димитрија Чуповски во периодот од 13 до 16 септември спроведе испитување на јавното мислење, телефонска анкета,  на 1124 испитаници. Анкетата беше спроведена со цел да се измерат генералните перцепции во пресрет на престојните локални избори закажани за 15 октомври.

Резултатите од вториот дел на анкетата покажуваат дека граѓаните не ги поддржуваат политиките на Владата предводена од Зоран Заев. 55,8 проценти изјавиле дека не даваат поддршка, а само 25,5 одговориле потврдно.

Македонската Влада НЕ води добри економски политики, сметаат 59,4 % од испитаниците. Поддршка за овие политики даваат само 22,3 проценти од граѓаните.

„Која партија е поспособна да ги решава потребите на граѓаните“? е следното прашање.Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ повеќе работи на решавање на нивните потреби. За оваа партија се изјасниле 29,3 % од граѓаните кои се дел од анкетата, а само 17,8 за СДСМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top