Синоќа околу 20.30 часот на ул. „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје, во близина на бензинска пумпа, три непознати лица извршиле разбојништво над Б.А. (60) од населбата Илинден.
Кога Б.А. застанал со своето патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, му се доближило непознато женско лице кое му понудило сексуална услуга, но откако Б.А. ја одбил, таа се обидела насилно да му го одземе паричникот од џебот на маицата, викајќи и удирајќи го по главата. Откако му го одзела паричникот, се доближиле две машки лица, на кои таа им го фрлила паричникот. Едно од лицата го нападнало Б.А., а притоа женското лице ги одзела парите од паричникот, го фрлила во возилото и побегнала во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст