Не стивнуваат реакциите во јавноста откако Владата предводена од Зоран Заев предзивика невиден скандал со лажни трвдења дека македонскиот премиер вчера остварил средба со американскиот претседател Доналд Трамп, во рамките на состанокот посветен на реформа на Обединетите нации што го организираше претседателот Трамп.
Министерството за пропаганда на Роберт Поповски најми дури 50 пропагатори, платени со народни за да ги лажат македонските граѓани за средба која воопшто не се случила.
Вчера попладне, македонскиот интернет-простор речиси беше преплавен од постови и твитови на лица кои воглавно се вработени во владиниот сектор за информирање со јавноста, кој е под палка на Роберт Поповски, а кои лажно лиферуваа информации дека Заев остварил средба со Трамп.
Сепак, на лагата и се кратки нозете и излезе на виделина дека немало никаква средба на Заев со Трамп, туку само ракување од половина секунда, кое го фотографира, верувале или не,шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
Заев и пропагаторите на Роберт Поповски, платени со народни пари се обидоа да ги излажат македонските граѓани дека тој остварил средба со претседателот на САД, на која дури и било разговарано за неколку битни теми. Сепак, реалноста е дека за половина секунда ниту здраво не може да се каже.
-Заев, како што информираат од неговиот Кабинет, на средбата изразил поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН, информираа сдсмовските медиуми кои само станаа соучесници во лажењето на македонските граѓани и кои доколку имаат доблест, треба да се извинат за ваквите лаги.
На видеото објавено од „China Xinhua News“ може да се види дека на 1:21 претседателот Трамп пристигнува да се поздрави со политичарите, а премиерот Заев од позадина чека за да се поздрави со претседателот на САД. Поздравувањето или како што тоа го нарекува премиерот Заев, „средбата“ со Трамп трае едвај половина секунда, а министерот Димитров фотографира.
Веќе следната секунда Трамп со поздравува со друга личност. Навистина е интересно како успеал Заев да разговара со Трамп за половина секунда, и притоа на средба да изрази „поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН“.
ГИ ВРАБОТИЈА ЗА ДА ГО ЛАЖАТ НАРОДОТ
Секторот за информирање на јавноста со 50 лица преку еден центар ќе ги координира сите информации што ќе ги даваат владините тела. Со други зборови, се формира министерство за пропаганда, кое, во секој случај, ќе сака да пласира само позитивни информации за владата, а, во исто време, ќе ги блокира министерствата и другите институции да даваат навремени информации, кои можат да ѝ наштетат, пишуваа дел од медиумите нарекувајќи го ваквиот центар министерство за пропаганда со кое ќе раководи Роберт Поповски.
Бубо Каров, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Никола Наумовски, Мирослав Грчев, Петрит Сарачини, Нора Шаќири, Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Бранимир Јовановиќ, Дарко Лешоски, Влатко Васиљ, Јована Аврамчевска, се само дел од владините платеници кои плукањето по претходната влада го наплатија со државна плата.
Наместо да работат во интерес на граѓаните, од кого се платени, истите овие лица работат само во функција на пропагандата на Роберт Поповски, меѓу кои дел од нив да шират лажни вести и да ја лажат јавноста за средба која воопшто не се случила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст