Ураганот Марија, кој достигна јачина од петта категорија, синоќа го погоди островот Доминика, а премиерот на оваа карипска држава Рузвелт Скерит рече дека Доминика е уништена и ја повика меѓународната заедница да помогне.Островската држава Доминика на Карибите претрпе штета од огромни размери по ударот на ураганот „Марија“, истакнал премиерот Рузвелт Скерит.
Powerful hurricane force winds in Guadeloupe at the time when the eyewall of CAT5 #HurricaneMaria was over #Dominica pic.twitter.com/OUkFDVjMdL
— Protect Mother Earth (@ProtectMearth) September 19, 2017
Ураганот, кој вчера доцна вечерта го погоди островот, со силните ветришта косеше се пред себе, а го однесе и кровот на официјалната резиденција на премиерот.
-Ве молам, кажете му на светот дека Доминика е уништена, изјавил премиерот за Nation News.Тој истакна дека се засолнил во подрум откако ветрот го однел покривот, а куќата му е поплавена, додавајќи дека речиси со сите луѓе со кои разговарал останале без покрив над глава.
Winds picking up in #Dominica ahead of approaching #HurricaneMaria winds of 130mph currently… source; RT pic.twitter.com/cwOOlq5FzH
— ((((Hawks)))) (@rhollister57) September 19, 2017
– Изгубивме сѐ што може да се купи со пари“, напиша премиерот на Фејсбук.Скерит нагласи дека не знае дали има загинати и повредени, и дека сега е фокусиран на спасување на блокираните граѓани и давање медицинска помош на повредените. Тој ја повика меѓународната заедница да помогне.
– Ќе ни биде потребна помош пријатели. Помош од било кој вид, порача тој, нагласувајќи дека особено е потребно помош од хеликоптери, за да можат властите да ја проценат штетата.
Ураганот Марија во текот на поголемиот дел од вчерашниот ден беше во четврта категорија, но доби на сила вечерта, во моментите кога ги погоди Доминика и француските острови Мартиник и Гвадалупе.
Round two of Hurricane shopping in 2 weeks. @CNN #HurricaneMaria pic.twitter.com/1fVe7EY15U
— Khushbu Shah (@KhushbuOShea) September 18, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст